Почетна » Календар » Октомври 2010
 

Православен календар Октомври 2010

Православната литургиска година започнува на 1 септември.
Православен календар е календар кој се користи во православните цркви, а до почетокот на модерното време се користел и во државите каде мнозинството го сочинуваат православни христијани.


icon Септември - Гроздобер icon icon Јануари - Коложег icon icon Мај - Косар icon
icon Октомври - Листопад icon icon Февруари - Сечко icon icon Јуни - Жетвар icon
icon Ноември - Студен icon icon Март - Цутар icon icon Јули - Златец icon
icon Декември - Снежник icon icon Април - Тревен icon icon Август - Житар icon
Октомври 31 ден - Листопад
П 1 18 Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит; Светата маченичка Аријадна;
С 2 19 Светите маченици Трофим, Саватиј и Доримедонт; Светиот маченик Зосим Пустиник;
Деветнаесетта недела по Педесетница: глас 2;
Литургија: Второ Послание до Коринтјаните 194; Лука 26
Н 3 20 † Собор на сите македонски Светители; Светиот великомаченик Евстатиј Плакида;
Преподобниот маченик Иларион;
П 4 21 Светиот апостол Кодрат;
Свети Димитриј, епископ Ростовски; Собор на Киево-Печерските светители;
В 5 22 Светиот свештеномаченик Фока, епископ Синопски; Светиот пророк Јона;
С 6 23 Зачнувањето на Св. Јован Крстител;
Ч 7 24 Светата првомаченичка Текла рамноапостолна;
П 8 25 Преподобна Ефросинија; Преподобен Сергеј Радоњежски;
С 9 26 Свети Јован Богослов, апостол и евангелист; Преподобен Нил Калабриски;
Дваесетта недела по Педесетница: глас 3;
Литургија: Послание до Галатјаните 200; Лука 30
Н 10 27 † Светиот маченик Калистрат; Светите апостоли: Марко, Аристарх и Зинон;
П 11 28 Преподобен Харитон Исповедник; Светиот пророк Варух; Светиот маченик Марко овчар;
В 12 29 Преподобен Киријак Отшелник; Свети Теофан Милостив;
С 13 30 Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски; Свети Михаил, прв митрополит Киевски;
Ч 14 1 Покровот на Пресвета Богородица; Преподобен Роман Слаткопоец; Преподобен Јован Кукузел;
П 15 2 Свети Андреј Јуродив; Светиот свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина;
С 16 3 Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит; Преподобен Јован Хозевит;
Дваесет и прва недела по Педесетница: глас 4;
Литургија: Послание до Галатјаните 203; Лука 35
Н 17 4 † Светиот свештеномаченик Еротеј; Преподобен Амон; Преподобен Павле Препрости;
П 18 5 Светата маченичка Харитина; Светиот свештеномаченик Дионисиј епископ Александриски;
В 19 6 Светиот апостол Тома; Преподобниот новомаченик Макариј;
С 20 7 Светите маченици Сергиј и Вакх; Светиот маченик Полихрониј;
Ч 21 8 Преподобна Пелагија; Преподобна Таиса; Светата маченичка Пелагија;
П 22 9 Светиот апостол Јаков; Преподобен Андроник и неговата сопруга Анастасија;
С 23 10 Преподобен Теофил Исповедник (Струмички); Светите маченици Евлампиј и Евлампија;
Дваесет и втора недела по Педесетница: глас 5;
Литургија: Послание до Галатјаните 215; Лука 83
Н 24 11 † Светиот апостол Филип; Преподобен Теофан Начертани;
П 25 12 Светите маченици Тарах, Пров и Андроник; Свети Мартин епископ Турски;
В 26 13 Светата великомаченичка Злата Мегленска; Светите маченици Карп и Папила;
С 27 14 Преподобна Параскева (Петка); Светите маченици Назариј, Гервасиј и Протасиј;
Ч 28 15 Преподобниот маченик Лукијан, презвитер антиохиски; Преподобен Ефтимиј Новиот;
П 29 16 Светиот маченик Лонгин; Преподобен Лонгин Трудољубивиот;
С 30 17 Светиот пророк Осија; Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан; Преподобниот маченик Андреј;
Дваесет и трета недела по Педесетница: глас 6;
Литургија: Послание до Ефесјаните 220; Лука 38
Н 31 18 † Светиот апостол и евангелист Лука; Светите Јулијан и Дидим Слепецот;

Православниот календар се темели на Јулијанскиот календар, годината започнува на 01. 09. Покрај разликите во датумите и математичките, постојат и други разлики во однос на другите црковни календари, првенствено во одредувањето на одредени верски настани, особено Велигден и почитувањето на православните светители. Православни светители се слават секој ден од годината, при што им се доделува одреден ден на секоја светец (вообичаено на денот на смртта и страдањето).

Постојат разлики (мали) во календарот на различни православни цркви, во зависност од договорот, кои светители во таа афтокефална црква особено се почитуват.
icon