Почетна » Календар » Декември 2010
 

Православен календар Декември 2010

Православната литургиска година започнува на 1 септември.
Православен календар е календар кој се користи во православните цркви, а до почетокот на модерното време се користел и во државите каде мнозинството го сочинуваат православни христијани.


icon Септември - Гроздобер icon icon Јануари - Коложег icon icon Мај - Косар icon
icon Октомври - Листопад icon icon Февруари - Сечко icon icon Јуни - Жетвар icon
icon Ноември - Студен icon icon Март - Цутар icon icon Јули - Златец icon
icon Декември - Снежник icon icon Април - Тревен icon icon Август - Житар icon
Декември 31 ден - Снежник
С 1 18 Светиот маченик Платон; Светите маченици Роман и Варул;
Ч 2 19 Светиот пророк Авдија; Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф;
П 3 20 Преподобен Григориј Декаполит; Свети Прокл, патријарх Цариградски;
Светите маченици Евстатиј, Теспесиј и Анатолиј;
С 4 21 Воведение на Пресвета Богородица;
Дваесет и осма недела по Педесетница: глас 3;
Литургија: Послание до Колосјаните 250; Лука 76
Н 5 22 † Светата маченичка Кикилија (Цицилија); Свети Калист, патријарх Цариградски; Светиот маченик Менигнос;
П 6 23 Свети Амфилохиј Икониски; Свети Григориј, епископ Акрагантски; Свети Александар Невски;
В 7 24 Светата великомаченичка Екатерина; Светиот великомаченик Меркуриј;
С 8 25 Свети Климент, архиепископ Охридски; Светиот свештеномаченик Климент, епископ Римски;
Ч 9 26 Преподобен Алимпиј Столпник; Свети великомаченик Георгиј;Преподобен Стилијан;
П 10 27 Светиот маченик Јаков Персијанец; Седумнаесет Индиски преподобни маченици;
Преподобен Натанаил;
С 11 28 Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици; Преподобниот маченик Стефан Нови;
Дваесет и девета недела по Педесетница: глас 4;
Литургија: Послание до Колосјаните 257; Лука 85
Н 12 29 † Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него;
Преподобен Акакиј Синајски;
П 13 30 Светиот апостол Андреј Првоповиканиот; Свети Фрументиј, просветител на Абисинија;
В 14 1 Светиот пророк Наум; Свети Филарет Милостив;
С 15 2 Светиот пророк Авакум; Светата маченичка Миропија; Свети Иса, епископ Циклански;
Ч 16 3 Светиот пророк Софониј; Свети Јован Молчалник; Преподобен Теодул;
П 17 4 Светата великомаченичка Варвара; Свети Јован Дамаскин;
С 18 5 Свети Сава Осветен; Преподобен Нектариј Битолски; Преподобните Карион и Захарија;
Триесетта недела по Педесетница: глас 5;
Литургија: Послание до Евреите 328; Матеј 1
Н 19 6 † Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски; Свети Николај, епископ Патарски;
П 20 7 Свети Амвросиј, епископ Медиолански (Милански); Преподобен Григориј Молчалник;
В 21 8 Светите апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар;
Преподобен Патапиј;
С 22 9 Зачнувањето на Света Ана; Преподобен Стефан Новосјаен;
Ч 23 10 Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф;
П 24 11 Преподобен Данило Столпник; Преподобен Никон Сувиот;
С 25 12 Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски;
Триесет и прва недела по Педесетница: глас 6;
Литургија: Послание до Галатјаните 200; Матеј 4
Н 26 13 † Светите маченици Евстратиј, Аксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест;
Светата маченичка и девица Лукија (Луција);
П 27 14 Светите маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Светите маченици Филимон, Аполониј,
Аријан и други;
В 28 15 Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски;
С 29 16 Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски;
Ч 30 17 Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил;
Преподобен Даниил (Донале);
П 31 18 Светиот маченик Севастијан и другите со него; Свети Модест, патријарх Ерусалимски;

Православниот календар се темели на Јулијанскиот календар, годината започнува на 01. 09. Покрај разликите во датумите и математичките, постојат и други разлики во однос на другите црковни календари, првенствено во одредувањето на одредени верски настани, особено Велигден и почитувањето на православните светители. Православни светители се слават секој ден од годината, при што им се доделува одреден ден на секоја светец (вообичаено на денот на смртта и страдањето).

Постојат разлики (мали) во календарот на различни православни цркви, во зависност од договорот, кои светители во таа афтокефална црква особено се почитуват.
icon