Почетна » Календар » Септември 2010
 

Православен календар Септември 2010

Православната литургиска година започнува на 1 септември.
Православен календар е календар кој се користи во православните цркви, а до почетокот на модерното време се користел и во државите каде мнозинството го сочинуваат православни христијани.


icon Септември - Гроздобер icon icon Јануари - Коложег icon icon Мај - Косар icon
icon Октомври - Листопад icon icon Февруари - Сечко icon icon Јуни - Жетвар icon
icon Ноември - Студен icon icon Март - Цутар icon icon Јули - Златец icon
icon Декември - Снежник icon icon Април - Тревен icon icon Август - Житар icon
Септември 30 дена - Гроздобер
С 1 19 Светиот маченик Андреј Стратилат; Преподобен Теофан;
Ч 2 20 Светиот пророк Самуил; Светиот свештеномаченик Филип, епископ Ираклиски, со свештеникот Север и ѓаконот Хермес;
П 3 21 Светиот апостол Тадеј; Светата маченичка Васса; Преподобен Аврамиј Смоленски;
С 4 22 Светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив; Светата маченичка Евлалија;
Петнаесетта недела по Педесетница: глас 6;
Литургија: Второ Послание до Коринтјаните 170; Матеј 92
Н 5 23 † Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски; Светиот маченик Луп; Свети Виктор;
П 6 24 Светиот свештеномаченик Евтихиј; Преподобен Арсениј Комељски; Светата маченичка Сира;
В 7 25 Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј; Светиот апостол Тит;
Светите Едески Исповедници;
С 8 26 Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија; Преподобен Титој; Свети Зер-Јаков;
Ч 9 27 Светиот маченик Фануриј; Преподобен Пимен Велики; Светиот свештеномаченик Кукша и Пимен Посник;
П 10 28 Преподобен Мојсеј Мурин; Преподобен Сава Псковски и Крипецки;
С 11 29 Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител; Светиот маченик Анастасиј Радовишки;
Преподобна Теодора Солунска;
Шеснаесетта недела по Педесетница: глас 7;
Литургија: Второ Послание до Коринтјаните 181; Матеј 105
Н 12 30 † Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски; Преподобен Христофор;
П 13 31 Празник на појасот на Пресвета Богородица; Светиот свештеномаченик Кипријан;
В 14 1 Почеток на црковната година ; Преподобен Симеон Столпник;
С 15 2 Светиот маченик Мамант; Свети Јован Постник, патријарх Цариградски; Свети Елеазар;
Ч 16 3 Светиот свештеномаченик Антим; Светата маченичка Василиса; Преподобен Теоктист;
П 17 4 Светиот свештеномаченик Вавила; Светиот пророк Мојсеј Боговидец;
С 18 5 Светиот пророк Захарија; Светите маченици Јувентин и Максимин; Преподобен Атанасиј;
Седумнаесетта недела по Педесетница: глас 8;
Литургија: Второ Послание до Коринтјаните 182; Матеј 62
Н 19 6 † Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил; Свети Евдоксиј; Преподобен Давид;
П 20 7 Светите апостоли Евод и Онисифор; Светиот маченик Созонт; Светиот маченик Евпсихиј;
В 21 8 Рождество на Пресвета Богородица; Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта;
С 22 9 Светите Јоаким и Ана; Спомен на Третиот Вселенски Собор; Свети Никита угодник Божји;
Ч 23 10 Светите маченички Минодора, Митродора и Нимфодора; Светата царица Пулхерија;
П 24 11 Преподобна Теодора Александриска; Свети Пафнутиј Исповедник;Преподобен Ефросин готвач;
С 25 12 Светиот свештеномаченик Автоном; Преподобен Даниил од Тасос;
Светите маченици Македониј, Татијан и Теодул;
Осумнаесетта недела по Педесетница: глас 1;
Второ Послание до Коринтјаните 188; Лука 17
Н 26 13 † Светиот свештеномаченик Корнилиј стотникот; Светата маченичка Кетевана;
Преподобен Еротеј;
П 27 14 Воздвижение на Чесниот Крст (Крстовден);
В 28 15 Светиот маченик Никита; Преподобен Филотеј; Светиот маченик Порфириј;
С 29 16 Светата великомаченичка Ефимија; Преподобен Доротеј; Светата маченичка Људмила;
Ч 30 17 Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија; Светата маченичка Агатоклија;

Православниот календар се темели на Јулијанскиот календар, годината започнува на 01. 09. Покрај разликите во датумите и математичките, постојат и други разлики во однос на другите црковни календари, првенствено во одредувањето на одредени верски настани, особено Велигден и почитувањето на православните светители. Православни светители се слават секој ден од годината, при што им се доделува одреден ден на секоја светец (вообичаено на денот на смртта и страдањето).

Постојат разлики (мали) во календарот на различни православни цркви, во зависност од договорот, кои светители во таа афтокефална црква особено се почитуват.
icon